За нас

Алкалоид АД во своето богато портфолио на безрецептни лекови го додаде новиот синоним за третман на различни видови болка – линијата на препарати под едно заедничко име БлокМАКС.

Линијата содржи 3 препарати: таблети БлокМАКС од 200 mg против болка, таблети БлокМАКС Форте од 400 mg против поинтензивна болка и перорална суспензија БлокМАКС за деца, за намалување покачена телесна температура – со пријатен вкус и мирис на кајсија.

Всушност, БлокМАКС е ибупрофен, нестероиден антиинфламаторен (противвоспалителен) лек, кој сo својата безбедност и ефикасност се издвојува во својата група.

За прв пат е создаден во далечната 1967 година, а како безрецептен производ е лансиран во 1983 година, во Велика Британија. Ибупрофенот сите овие години остана синоним за безбедност и за сигурност при третман на болка и на покачена телесна температура.


Зошто БЛОКМАКС?

Затоа што е лек од избор за третман на различни видови болка, вклучувајќи:

главоболка

болка во грбот

мускулни болки

ревматски болки

забоболка

Зошто БЛОКМАКС за деца?

Затоа што безбедно и ефикасно ја намалува покачената телесна температура.